Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо порача дека неговите соиграчи нема да ги потценат македонските фудналери и најави оти очекува сигурен пласман на Мундијалот во Катар.
-Утре е финале и ние сме подготвени. Дали сме фаворити? Јас секогаш се сметам себе си за фаворит, без оглед дали играм на домашен или гостински терен. Свесни сме дека со победа ќе се пласираме на Светското првенство и затоа имаме голема одговорност да го добиеме овој натпревар-изјави Роналдо на денешната официјална прес-конференција во Порто.
Македонските фудбалери стигнаа до финалниот бараж во мундијалските квалификации совладувајќи ги на патот Германија и Италија на гостински терен, но португалскиот капитен рече дека тоа нема да се повтори утревечер на стадионот „Драгао“.
– Тие изненадија на многу натпревари, но убеден сум дека нас нема да не изненадат. Португалија ќе победи и ќе игра на Светско првенство. Нема Светско првенство без Португалија-изјави Роналдо.