„И едноставно така“, новото поглавје на „Сексот и градот“, е подготвено за втора сезона, соопштија од ХБО макс.
– Воодушевен сум што можам да раскажам повеќе приказни за овие ведри, храбри ликови, кои ги глумат неверојатни актерки. Факт е дека сите сме воодушевени – изјави извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг.
Серијата, која заврши во февруари, донесе висока гледаност на ХБО макс, а гледачите беа задоволни со рестартирањето на „Сексот и градот“. Сепак, критиките беа различни. Новото поглавје не им се допадна на повеќето професионални критичари, но и на некои обожаватели на оригиналот.
– Воодушевени сме од приказната генерирана од овие ликови и нивните стории, сместени во свет што веќе го знаеме и сакаме. Горди сме на работата што Мајкл Патрик Кинг и нашите одлични писатели, продуценти, актери и екипа ја направија за да ги донесат овие приказни на екранот. Едвај чекаме обожавателите да видат што се подготвува за втората сезонa – изјави во одбрана на новото поглавје директорката на оригинални содржини на Ејч-би-о, Сара Обри.