Согласно резолуцијата што ја усвои вчера, Европскиот суд за човекови права до 16 септември годинава ќе ги разгледа тужбите против Русија во врска со наводните прекршувања на Конвенцијата, соопшти Советот на Европа.
Комитетот на министри ќе продолжи да го следи извршувањето на пресудите и пријателските спогодби, а Русија е должна да ги спроведе.
Според денешната резолуција на Комитетот на министри, меѓу другото, Русија повеќе нема право да биде претставена во тоа тело, во Парламентарното собрание на Советот на Европа, ниту во кои било помошни органи или тела.
Комитетот на министри на Советот на Европа на вонредна седница на 16 март одлучи Русија веднаш да престане да биде членка, по 26 години во таа организација.