Мароко е против тоа на негова територија да се градат какви и да е центри за мигранти за да не се дозволи зголемување на миграцијата кон ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Кралството Насер Бурита во интервју за „Велт“.
– Мароко генерално е против секакви центри. Тоа е дел од нашата политика кон миграцијата и е национална и суверена позиција-додаде Бурита.
Според него, создавањето на такви центри, како што се дискутира во ЕУ, е контрапродуктивно.
– За секој што ќе почне да гради центри, тие на крајот ќе станат само и единствено негов проблем – рече Бурита и додаде дека прашањето за нивно финансирање нема да го смени ставот на Мароко.
Посочи дека сите треба да преземеме дел од одговорноста за ограничување на миграцијата.
-Би било премногу поедноставено да се зборува дека тоа е работа само на Мароко, истакна тој.