Турските власти наредија апсење на 417 лица осомничени за испраќање 2,5 милијарди лири, или 419 милиони долари, на банкарски сметки во странство.
Апсењата се изврпшени во рамките на истрага од страна на финансиската полиција, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Осомничените го сториле тоа откако им било наредено да испратат пари на 28.088 сметки што им припаѓаат на Иранци во САД, јави турската телевизија.
Засега не е познато кој испратил порака до осомничените да испратат пари.