Американскиот претседател Џо Бајден објави денеска дека групата Г-7 се согласила да воведе „разорни“ економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.
– Утрово се сретнав со колегите од Г-7 за да разговараме за неоправданиот напад на претседателот Путин врз Украина и се согласивме да продолжиме со разорните пакети санкции и други економски мерки за да ја повикаме Русија на одговорност. Ние стоиме со храбриот народ на Украина – твитна Бајден.