Русија соопшти дека нејзината војска ги постигнала целите поставени за првиот ден од воените дејствија врз Украина, откако го започна нападот и покрај предупредувањата за опсежни западни санкции.

– Сите задачи што им беа доделени на вооружените сили на Руската Федерација за овој ден беа успешно завршени – рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

– Од почетокот на специјалната операција, руските вооружени сили онеспособија 83 украински копнени воени инфраструктурни објекти, уништија четири авиони и едно беспилотно летало – соопшти генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува ТАСС.

– Вкупно, како резултат на ударите на руските вооружени сили, онеспособени се 83 копнени објекти на воената инфраструктура на Украина. Од почетокот на специјалната воена операција, беа соборени два Су-27, два Су-24, еден хеликоптер и четири јуришни беспилотни летала Bayraktar TB-2 на Вооружените сили на Украина – рече тој.