Г.Б. (62) од село Дебреше-гостиварско подмачкувајќи го пиштолот (кој го поседувал без одобрение) се самоповредил. Без да забележи дека во цевката има куршум, испукал еден куршум со кој си нанел повреди во пределот на шаката од левата рака.
На Г.Б. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.