Поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипче, денеска на Клиниката за неврохирургија со неговиот колега, д-р Владимир Рендевски, кој е предложен за заменик министер за здравство, на операција за прв пат изведоа нова техника што врши визуелизација, односно флуорeсцентно обојување на туморите.
Оваа примена на напредна технологија, како што кажа Филипче, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите.
-На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување-вели Филипче.
По заминувањето од министерската функција, д-р Филипче си се врати на редовна работа на Клиниката за неврохирургија и на Медицинскиот факултет во Скопје.