Владимир Путин/Фото: Твитер-профил на рускиот претседател

Официјален Кремљ денеска објави дека секој потег на Западот да воведе лични санкции за рускиот претседател Владимир Путин би бил политички деструктивен, но не и болен.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека американските политичари кои зборуваат за потенцијални лични санкции против Путин немаат доволно стручно знаење на оваа тема, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави вчера дека ќе размисли за лични санкции против Путин доколку Русија ја нападне Украина. Велика Британија тогаш соопшти дека не ја исклучува можноста да го стори истото.

Меѓу можните мерки на Вашингтон насочени против Москва, во случај на евентуален конфликт со Украина, според светските медиуми, е и исклучување на Русија од системот за електронска размена на податоци за финансиските трансакции (СВИФТ). Засега нема потврда на ваквата можност за исклучување на руските банки од СВИФТ.