Од МТВ информираат дека се селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на „Евровизија 2022“

Македонската телевизија, како носител на лиценцата за учество на нашата земја на „Евровизија“, годинашната селекција ја направи поразлично од досега, иако некои земји учеснички со години така го прават својот избор на претставник на овој престижен европски фестивал.

Од МТВ информираат дека се селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на „Евровизија 2022“.

– Согласно Правилата за одржување Национален избор за песна и претставник на Избор за Песна на „Евровизија 2022“, стручната комисија на МРТ во состав: Мери Попова – уредник на КУП МТВ 1,Зоран Мирчевски – Одговрен уредник на МР 2, Биљана Николовска – музички уредник МР 1, Александра Јовановска – новинар МР 2, Јана Бурческа – новинар МТВ 3, Маја Трпчановска – новинар МТВ 1, Ардита Имери – новинар МТВ 2 на 17 и 18 јануари 2022 ги преслуша пристигнатите композиции на Конкурсот кој МРТ го објави на 10 декември со траење до 16 јануари годинава. Од вкупно пристигнати 47 композиции на Конкурсот, кои ги исполнија бараните пропозиции, стручната комисија избра максимални 6 композиции кои ќе земат учество во натпреварот, односно Националниот избор за „Песна на Евровизија 2022“ – велат од МТВ.

Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МТВ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација – „Евросонг, се следните:

1. Изведувач: Калина Велковска – Кали

Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“

Автор на музика: Давор Јордановски

Автор на текст: Весна Малинова

Аранжман: Никола Васков – Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ

2. Изведувач: Јон Ајдини – Јон Ајди

Наслов на композиција: „DREAMS”

Автор на музика и текст: Yon Idy

Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy

3. Изведувач: Лара Иванова

Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW”

Автор на музика: Роберт Билбилов

Автор на текст: Робин Зимбаков

Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров

4. Изведувач: Виктор Апостоловски

Наслов на композиција: „SUPERMAN“

Автор на музика: Владимир Дојчиновски

Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски

Аранжман: Владимир Дојчиновски

5. Изведувач: Андреа Коевска – Андреа

Наслов на композиција: „CIRCLES”

Автор на музика: Александар Масевски

Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска

Аранжман: Александар Масевски

6. Изведувач: Борис Цветановски – Рис Флауер

Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN”

Автор на музика: Борис Цветановски – Рис Флауер

Автор на текст: Борис Цветановски – Рис Флауер

Аранжман: Мустафа Џанбазлар


Согласно Правилникот, за избраните 6 композиции, МРТ ќе изработи лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста. Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28 јануари, (петок) во емисијата „Стисни плеј“ на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето. Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 4 февруари.

Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50:50 проценти.