Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 6.010 тестови, се регистрирани 2.071 нов случај на ковид-19.
Во Скопје има 1.047, Битола – 178, Кавадарци – 89, Куманово – 73, Тетово – 66, Гевгелија – 63, Прилеп – 47, Кочани – 42, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 37, Струмица – 33, Кичево и Ресен – по 28, Охрид, Берово и Валандово – по 25, Делчево – 24, Штип – 22, Струга и Радовиш – по 21, Свети Николе – 14, Крушево и Демир Хисар – по 11, Богданци – 10, Крива Паланка – 9, Македонска Каменица – 8, Дебар, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 6, Виница и Македонски Брод – по 3, Демир Капија и Дојран – по 2.
Од вкупниот број на позитивни (2.071), регистрирани се 275 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (66г, 70г, 85г и 91г), 2 од Велес (54г, и 89г) и по едно починато лице од Гевгелија (59г), Струга (86г) и Делчево (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се две починати лица од Скопје (84г и 88г). Едното починато лице е пријавено со дата на смрт на 5.01.2022г, додека второто лице е на 20.01.2022г. Пријавените лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (н=11), четири лица се целосно вакцинирани.
Досега во земјата се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 252.947, бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177, а бројот на активни случаи изнесува 19.714.