По телефонска дојава од страна на граѓани, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во Општина Аеродром, кај мостот во градба лоциран до хотел „Русија“, нивото на реката Вардар е драстично покачено, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш контактираше со одговорните лица на Град Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и со други субјекти од системот за управување со кризи.
Над мостот, конкретно над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до ПИОМ. После препреката, текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба.
Институциите се на терен, а местото го посети и директорот на ЦУК Ангелов.