Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер денеска пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието ги презентираше приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија. Амбасадорот посочи дека за Македонија нема определн рок за проширување на унијата, а нема ни датум за почеток на самите преговори.
– Во однос на проширувањето и членството на Република Северна Македонија, за оваа тема нема конкретен рок, бидејќи овој рок зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите и во овој момент е невозможно да се утврди точен датум, но постојано ќе ја придружува земјата со француското претседателство и со трите други засегнати институции за да може работите конструктивно да напредуваат и во добра насока, за да може, колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок – вели Сирил Бомгартнер.
Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека е важно да се постигне договор на билатералното прашање меѓу Македонија и Бугарија.
– Важно е дека во истовреме да го видиме напредокот на билатералното прашање со Бугарија и да видиме дека Северна Македонија продолжува да напредува и со реформите на својот европски пат, во интерес на граѓаните и за да се консолидира прогрес за членство во Европската унија. Новата Влада и новиот премиер очекуваме да ги продолжи реформите приоритетно во владеењето на правото и борбата против корупција – посочи Дејвид Гир.
На седницата на Советот за евроинтеграции на присуствуваше министерот за надворешни работи Бујар Османи, но таму беше вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров, кој имаше повеќе протоколарно обраќање, но сепак побара Франција да се заложи за Македонија да ги почне преговорите.