Судот во Мјанмар, земја под воена управа, денеска ја осуди соборената лидерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор.
На нобеловката Су Чи (76) и се суди во повеќе од десетина случаи за кои се соочува со вкупна максимална казна од повеќе од 100 години затвор, пренесува „Ројтерс“.
Таа ги негира сите обвиненија.