Македонскиот тенисер Томислав Јотовски, оствари голем успех, откако во финалето на фјучрсот во Каиро заедно со бугарскиот тенисер Антони Геров триумфираа во конкуренција на двојки. Во финалето тие ги победија вторите носители Рај Хо (Тајпех) и Григори Локамин (Казахстан) со 6-1, 3-6, 10-7 во сетови.
Со оваа турнирска победа Јотовски пехар освојува по пауза од 6 години. За него ова е седма титула во игра на двојки што го прави најуспешен активен македонски тенисер, во конкуренција на двојки.
Јотовски со натпреварите продолжува во понеделник на уште еден фјучрс турнир во Каиро.