Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ претстојниот голем празник Божиќ ќе го дочека во Мелбурн, соопштија од Австралија.
Судењето на Ноле, кое штотуку започна, нема да заврши пред понеделник, 10 јануари, кога почнуваат квалификациите за првиот Грен слем сезонава, а дотогаш Србинот сигурно ќе треба да биде во Мелбурн.
Новак моментално е предмет на политичка игра и се чини дека наскоро нема да може да побегне од неа.