Според податоците од здравствените агенции, Шведска постави дневен рекорд по бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус со 17.320 новозаразени, меѓу кои доминира позаразниот вид омикрон.
Претходниот рекорд беше 11.507 случаи, регистриран на 30 декември.
Бројот на нови случаи во Шведска се зголеми во ноември, а во декември владата ги заостри ограничувањата на јавните собири и ги повика сите што можат – да работат од дома во обид да се минимизира ширењето на вирусот.
– Во текот на последните неколку недели, видовме промена и сега сојот омикрон доминира во однос на новите инфекции во Шведска – рече на прес-конференција Брита Бјоркхолм од Агенцијата за јавно здравје.
Зголемувањето на бројот на заразени е придружено со најлошото сценарио на Агенцијата, објавено пред Божиќ, а Бјоркхолм посочува дека новите случаи се очекува да го достигнат својот врв кон средината на јануари.
Податоците за дневните инфекции обично се донекаде ревидирани бидејќи се додаваат подоцнежните податоци.