Во пожар што избувна во зграда во Филаделфија загинале 13 лица, меѓу кои неколку деца, а уште неколку биле повредени.

Зградата се наоѓа на улицата 23 во предградието на Фермон и се состои од два стана. Пожарот избувнал околу 6.40 часот по локално време.

На пожарникарите им биле потребни 50 минути за да го стават огнот под контрола. Причината за пожарот, возраста и идентитетот на жртвите сè уште не се потврдени.

Противпожарната служба во Филаделфија, исто така, сè уште не го потврдила бројот на загинати и повредени.

Репортер на „Фокс 29“, повикувајќи се на извори од противпожарната служба, објави дека меѓу загинатите имало неколку деца и дека во двата стана има функционални детектори за чад.