Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на ковид-19: Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци – по 38, Охрид и Штип – по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија – по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш – по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево – по 8, Кичево и Богданци – по 7, Делчево и Крива Паланка – по 6, Кочани – 5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3, Дебар, Кратово и Пехчево – по 2.

Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Охрид – 13, Прилеп – 12, Битола – 10, Струмица и Куманово – по 9, Кавадарци – 8, Гевгелија – 4, Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 3, Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево – по 2, Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (75 години) и Кавадарци (61 година). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 2 лица, по едно лице од Тетово (84 години) и Делчево (74 години), починати на 28 декември 2021 и 2 јануари 2022 година. Пријавените се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 101.168, Активни 3.869
Куманово 13.225, Активни 138
Тетово 11.468, Активни 76
Прилеп 11.014, Активни 404
Битола 9.619, Активни 544
Гостивар 8.108, Активни 34
Велес 7.579, Активни 137
Кавадарци 7.572, Активни 241
Охрид 6.935, Активни 268
Штип 6.821, Активни 105
Струмица 6.381, Активни 162
Кичево 4.361, Активни 77
Кочани 4.138, Активни 52
Струга 3.962, Активни 40
Гевгелија 3.016, Активни 126
Неготино 2.676, Активни 60
Свети Николе 2.164, Активни 22
Крива Паланка 1.984, Активни 39
Ресен 1.934, Активни 113
Радовиш 1.844, Активни 52
Берово 1.484, Активни 8
Делчево 1.487, Активни 37
Дебар 1.461, Активни 3
Виница 1.183, Активни 5
Пробиштип 1.153, Активни 13
Валандово 1.070, Активни 63
Кратово 791, Активни 3
Богданци 705, Активни 37
Демир Хисар 659, Активни 23
Крушево 618, Активни 18
Македонски Брод 552, Активни 32
Демир Капија 439, Активни 6
Македонска Каменица 430, Активни 6
Пехчево 361, Активни 2
Дојран 178, Активни 3