Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, со засилен до силен ветер од северен правец, кој на места ќе надминува 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, а максималните ќе достигнат од 11 до 18 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10 степени, додека дневната ќе достигне до 15 степени.
Променливо облачно и постудено време ќе преовладува до петок. Денеска и во петок се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминуваат во снег.
Во овој период ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе биде силен. За време на викендот се очекува сончево време со мала до умерена облачност.



































