Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено море во пловечка колипка, ловејќи риба и пиејќи морска вода што ја цедела со својата облека, пред да биде забележена и спасена од панамски брод.
Aлди Aдиланг (19) во јули отишла на риболов, но не забележала дека се оддалечила од брегот во непозната насока. Кога бродот ја спасил, таа била над 1.500 милји далеку од својот град, близу територијата на САД во Гвам.
Тинејџерката преживеала јадејќи сирова риба, и така што со својата облека ја цедела морската вода, за да го намали количеството сол во неа.
Сега девојката е со семејството и успешно закрепнува.