Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 214, Битола – 36, Охрид – 25, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Струмица – 12, Гевгелија и Ресен – по 11, Кичево и Неготино – по 9, Гостивар, Велес и Штип – по 7, Тетово – 6, Струга и Радовиш – по 5, Кочани – 4, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево, Пробиштип и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од: Скопје – 233, Битола – 51, Прилеп – 32, Велес – 29, Кавадарци – 21, Охрид и Тетово – по 20, Гевгелија – 14, Куманово и Струмица – по 12, Кичево – 10, Демир Хисар – 9, Кочани – 8, Штип – 7, Богданци и Македонска Каменица – по 6, Неготино, Валандово и Свети Николе – по 5, Струга, Радовиш и Виница – по 4, Гостивар, Пробиштип, Крива Паланка и Крушево – по 3, Ресен – 2, Делчево, Дојран и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (60 години и 91 година), и по едно починато лице од Кичево (76 години), Битола (69 години), Македонски Брод (44 години) и Дебар (80 години). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се 3 починати лица, 2 од Скопје (47 години и 67 години) и едно лице од Кичево (87 години). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во домашни а едно лице во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.484, бројот на оздравени пациенти е 212.380, на починати е 7.969, а бројот на активни случаи изнесува 5.135.