Нуркачи од нуркачкиот центар „Акватек“ 2022 година ја почнаа под вода, во Охридско Езеро.

– Нуркавме за време на новогодишната ноќ. На брегот бевме во 23:45 каде што ги финализиравме подготовките за зануркување. Го дочекавме огнометот, чукна 00:01 и нуркавме. Нуркањето траеше 40 минути на температура од 8 степени Целзиусови. Целта беше да пратиме порака за максимална заштита на езерото, а воопшто и водите во Македонија. Чувајте ја водата, живот е – вели Никола Паскали од „Акватек“.
Порачува дека во иднина сакаат прослави без огномет, без барут.


-Денес имаме толку многу развиена технологија што одма може да се најде соодветна замена за истиот. Треба да имаме поголема почит кон животните и животната средина – вели Паскали.