Во Франција во последните 24 часа се потврдени 208.000 случаи на инфекција со ковид-19, што е национален и европски рекорд, изјави министерот за здравство, Оливие Веран, пред француските парламентарци.
Веран рече дека во просек на секоја секунда по двајца Французи биле позитивни на Ковид-19.
Состојбата во болниците е загрижувачка поради делта-варијантата, објасни тој, а ударот од омикрон сè уште се очекува. Грипот дополнително ќе ја усложни ситуацијата во болниците, изјави францускиот министер.
Еден ден претходно Франција забележа речиси 180.000 случаи на зараза со ковид-19, што беше рекорд за една земја во Европа.
Според податоците од страницата Our World in Data, 72,9 отсто од Французите се целосно вакцинирани, а 78 отсто примиле најмалку една доза.
Глобалната зараза со Ковид-19 соборува рекорди во последните седум дена, покажуваат податоците на агенцијата „Ројтерс“ објавени денеска.