Фото: Горан Анастасовски

Бебето утрово го фотографираше Горан Анастасовски

Во Зоолошката градина во Скопје се роди уште едно бебе од видот белорак гибон. Бебето има и постара сестричка-Софи, која се роди пред околу две години и за која пишуваа сите светски медиуми, токму поради фактот што гибоните се еден од најзагрозените видови и носењето подмладок на свет е реткост и во природата и во зоолошките градини.


-Не знаеме дали е машко или женско, не сакаме да ја вознемируваме мајката. Ова е втор пород од мама Бетка и тато Џорџ. Белораките гибони во природата се загрозени на повеќе начини: најприсутна закана е губитокот на нивните живеалишта, односно масовната сеча на дрва, изградба на патишта, земјоделски активности, туризам, шумски пожари, неконтролирано уништување на шумите, изградба на нови села и насади на маслодајни палми… Се надеваме дека светот нема да дозволи повеќе овој вид да биде загрозен – рече Тина Мицковска од ЗОО во Скопје.

Н.Б.З.