Многумина од нас се борат со вишок килограми и постојано бараат некое магично решение како да се ослабе без премногу мака. Може да се каже дека не постои такво решение, но ако се потрудете во вашето мени да внесете зеленчук кој е нискокалоричен, може да се направите вкусен и здрав оброк.
Храната која ќе ви ја понудиме на оваа листа е толку диетална, што вашето тело ќе користи повеќе калории за да ја свари и преработи, отколку што сте внесле со нејзиното консумирање.
1. РУКОЛА (4 калории – 1 чаша)
Богата е со растителни влакна, витамини А, Ц и К, потоа со калиум и други хранливи материи. Руколата е силен антиоксиданс.
2. АСПАРГУС (27 калории – 1 чаша)
Содржи големи количини на аминокиселини кои имаат диуретички својства, па се одлични за чистење на организмот од алкохол и други отрови. Содржи витамини А, Ц, Е, К, Б6, железо, бакар.
3. БРОКОЛА (31 калории – 1 чаша)
Богата со витамини и минерали, има силни антиоксидантни својства.
4. ЗЕЛКА (22 калории – 1 чаша)
Полна е со витамини, минерали, влакна и фитонутриенти. Одлична е за детоксикација.
5. ЗЕЛЕНА САЛАТА (5 калории – 1 чаша)
Постојат разни видови зелена салата, можете да ја јадете во неограничени количини и нема да се здебелите. Марулата содржи витамин Б, фолна киселина, манган.
6. РОТКВИЦА (37 калории – ½ чаша)
Богата е со железо, влакна, фолна киселина, како и со калиум, а исто така е силен антиоксиданс.
7. ЦИТРОН (39 калории – половина овошје)
Содржи големи количини на витамини Ц, А, ликопен, фолна киселина, калиум, пектин, како и растителни влакна.
8. ДОМАТИ (22 калории – домат со средна големина)
Содржат ликопен, еден од најсилните антиоксиданси, потоа калиум, витамин Ц и растителни влакна.
9. ТИКВИКИ (20 калории – 1 чаша)
Тиквичките содржат многу витамин А, како и растителни влакна.
10. СПАНАЌ (7 калории – 1 чаша)
Богат е со железо, фолна киселина и витамин К. Содржи бета-каротин, витамин Ц, и лутеин.