Рускиот претседател Владимир Путин извести за успешно тестирање на хиперсоничните ракети „Циркон“, за кои Москва тврди дека припаѓаат на типот „невидливо“ оружје.

– Вечерва, во зори, беше истрелана салва суперсонични ракети „Циркон“ рече Путин, истакнувајќи дека операцијата е „успешно“ извршена.

Тој додаде дека ова е голем настан за земјата и претставува важна фаза во зајакнувањето на безбедносните и одбранбените способности на Русија.
Руските медиуми јавуваат дека ова е прв пат да биде испукана цела салва проектили „Циркон“.

Циркон првпат беше истрелан во октомври 2020 година. Последен пат ова хиперсонично оружје беше тестирано на 16 декември.

Некои западни експерти се прашуваат колку навистина е напредна новата генерација на руско оружје, но признаваат дека овие хиперсонични ракети тешко се следат и пресретнуваат поради нивната комбинација на брзина, маневрирање и висина.

Циркон има максимален домет од околу 1.000 километри и треба да биде составен дел од опремата на бродовите и подморниците на руската флота.
Првите хиперсонични ракети од новата генерација „Авангард“, кои можат да достигнат брзина до 27 маха и да го менуваат правецот и висината, беа воведени во употреба во руската армија во декември 2019 година.
Русија исто така работи на развој на оружје што би можело да се користи во вселената.
Тие неодамна призна дека уништила стар советски сателит во орбитата, што го налути Западот, кој ја обвини дека ја загрозува Меѓународната вселенска станица (МВС) предизвикувајќи големо количество вселенски отпад.