Традиционалната 22-ра по ред гала манифестација „Избираме најуспешни битолчани“ на најстариот неделник во државата, „Битолски весник“ ќе се одржи в петок во ресторанот „Вавилон“ во Битола.
На годинашната манифестација ќе бидат доделени 35 признанија на најуспешните битолчани, кои со своите резултати и успеси кои ги постигнаа во минатата година се
афирмираа себеси, но ја афирмираа и Битола. Ќе бидат прогласени најуспешните битолчани во областа на политиката, здравството, стопанството, новинарството, бизнисот, банкарството, образованието, естрадата, невладините организации, спортот, науката…
На Манифестацијата ќе бидат доделени и признанијата „Ајри Демировски“, авторот на песната Битола мој роден крај, за животно дело и за трајни вредности.
Со оглед на превентивните мерки и протоколите на Министерството за здравство, на манифестацијата ќе присуствуваат само 400 гости, што е 50 одсто од капацитетот на ресторанот. И покрај пандемијата, сите влезници кои беа пуштени во продажба за оваа манифестација, буквално беа разграбани.
Инаку, за признанијата на Битолски весник конкурираа над 120 битолчани. Оваа манифестација која се организра 22 години по ред и е традиционална и битолчани со право ја викаат битолски „оскари“. М.М.