Ново истражување за кое се очекува научна рецензија
Омикрон, најновата варијанта на коронавирусот најверојатно собрала најмалку една од нејзините многубројни мутации со тоа што презела парче од генетскиот материјал на друг вирус, најверојатно оној што предизвикува обична настинка, кој е присутен кај истите заразени клетки, велат истражувачи.
Истражувањето објавено како „препринт”, што значи дека сè уште се чека научна рецензија за него.
Експертите објаснуваат дека ова не е забележано во ниту една претходните варијанти на коронавирусот, но е присутно кај многу други вируси, вклучително и оние кои предизвикуваат настинки, како и во човечкиот геном, пренесуваат светските агенции.
– Омикрон со преземањето на новиот код, се прави себеси „почовечки”, што може да му помогне да го избегне имунолошкиот систем – рече Венки Саундарарајан, експерт во „Енференс“, компанија за анализа на податоци со седиште во Кембриџ, Масачусетс.
Откритието може да значи дека вирусот полесно се пренесува, но и дека предизвикува само блага или асимптоматска болест, што, по две години пандемија, би било одлична вест за човештвото.
Научниците сè уште не знаат дали Омикрон е позаразен од другите варијанти, дали предизвикува потешка форма на болеста или дали ќе ја надмине Делтата како најраспространета варијанта на коронавирусот.