Жозефин Бекер, француско-американската активистка за граѓански права, музичка ѕвезда и херој на движењето на отпорот од Втората светска војна, стана првата црна жена која доби место во мавзолејот Пантеон, каде што почиваат многумина заслужни Французи, пренесува „Гардијан“.
На свечената церемонија во Пантеон, на која присуствуваше и претседателот на Франција, Емануел Макрон, акцентот беше ставен на заслугите на Жозефина Бекер како борец на отпорот, активистка и антифашистка, која побегна од расната сегрегација во 1920-тите од Соединетите Американски Држави на сцената на париското кабаре.
Жозефин Бекер е само шестата жена на која и е оддадена чест во секуларниот храм на великаните на Франција. Воедно, таа е четвртата личност која нема бела кожа и која доби место во Пантеон покрај: Феликс Ебу, гувернерот на француската Екваторијална Африка, кој доби место во 1949 година; писателот Александар Дима, од 2002 година и поетесата и политичарка Еме Сезер, која беше претставена во 2011 година.