Вечерва во 19 часот во Ликовниот салон во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп ќе биде
отворена ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години континуирано ликовно творештво во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп. На изложбата, освен скулптури во дрво ќе бидат изложени и фотографии на дел од изработените скулптури, од кои најголемиот дел се поставени во институции низ државата.
Иложбата е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ за 2021 поддржана од Министерството за култура.
ЦСЛУ-Прилеп во континуитет секоја година прави одличен избор на уметници од домашната, но и од меѓународната уметничка сцена, од кои дел се познати и во светски рамки.
– ЦСЛУ-Прилеп континуирано потврдува дека поседува квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња/автори. Индивидуалната нишка на нашето постоење се
крие во она што ќе го оставиме позади нас. Богатството кое Прилеп го добива секоја
година преку ликовните изрази е наследство кое го оставаме на нашите идни генерации – велат од ЦСЛУ. Ка.М.