Жирито за „Автомобил на годината во Германија“ минатата недела го прогласи новото „пежо 308“ како победник, меѓу 11 кандидати од девет производители на автомобили во компактната класа. За жирито, стратегијата „Моќта на изборот“ на „Пежо“ беше во особен фокус: клиентите можат да избираат помеѓу бензин, дизел и два плагин хибридни мотори. Дополнителни причини за доделување на наградата на компактното возило се модерната технологија, дигиталниот и индивидуално програмираниот „Пежо“ i-Cockpit како и новиот дизајн со новото лого на „Пежо“.
Компактното возило од брендот „Пежо“ е прогласено за победник, како и неговиот претходник кој има добиено многу награди, вклучително и наградата „Автомобил на годината за 2014 година“. Оваа награда е најпосакувана награда во автомобилската индустрија.
„Пежо 308“, германски автомобил на годината во компактната класа
– Ова е прва награда за новата генерација на „Пежо 308“. Многу сме горди што 308 успеа да се наметне во компактната класа во Германија. Голема благодарност до жирито за автомобил на годината во Германија и целиот тим на „Пежо“. Успехот, исто така, ни покажува дека сме на вистинскиот пат со стратегијата „моќта на изборот“ и нашиот постојан пат кон електромобилноста. Со новото „пежо 308“, веќе електрифициравме 80 отсто од нашата понуда на автомобили. изјави Хајко ван дер Лут извршен директор во „Пежо“ Германија.
Ново „пежо 308“ израз на новиот идентитет на брендот
Како прво сериско возило со новото лого, „пежо 308“ е израз на новиот индентитет на брендот „Пежо“. Фул ЛЕД предните светла го прикажуваат типичниот светлосен потпис на брендот (вертикални напред и со форма на три лавовски канџи назад).
Најсовремените системи за помош при возење, како што се камерата за возење наназад, системот за предупредување од можен судар, помошта за следење на слепи точки со досег од 75 м, помошта за сопирање при итни ситуации и активниот систем за предупредување за напуштање лента со интервенција на управувачот обезбедуваат дополнителна безбедност при возење.
„Пежо“ i-Cockpit (компактен управувач, хеад-уп дисплеј, централен екран на допир) е дополнително развиен и модернизиран кај новиот „пежо 308“. Со i-Connect® Advanced и дигиталните i-Toggles, моделот има интуитивен и мрежно поврзан инфозабавен систем.
Верен на слоганот „моќта на изборот“, новото „пежо 308“ се нуди во две плуг-ин хибридни верзии (електричен и бензински мотор 180 КС и 225 КС) како и со мотор со внатрешно согорување со различни бензински или дизел мотори. Целосно електрична верзија ќе следи во 2023 година.