Талибанците објавија целосна забрана за употреба на девизи во Авганистан.
– Економската ситуација и националните интереси во земјата бараат сите Авганистанци да ја користат само домашната валута во секоја трговија – изјави портпаролот на Талибанците за новинарите.
Употребата на американски долари е широко распространета на авганистанскиот пазар, додека валутите на соседните земји како Пакистан се користат за трговија во пограничните области.
Портпаролот на талибанците Мухамед Сухаил Шахин ја повика меѓународната заедница на 29 октомври итно да обезбеди материјална помош од 1,2 милијарди долари ветена на земјата на виртуелниот самит на Г20.