Џенифер Лоренс, која е позната по тоа што не го поднесува лажниот холивудски гламур, уште еднаш ги разобличи своите колеги за нивното лицемерство.
Во интервју за „Инстајл“, актерката сподели дека сака сите да бидат „поискрени“, кога станува збор за намалување на килограмите.
– Ако тежиш девет килограми под нормата, а зборуваш како постојано јадеш пица и пилешко, тоа нема да ги натера луѓето да се чувствуваат подобро во своето тело – вели Џенифер.
Иако актерката не спомена конкретни имиња, Бела Хадид е пример за такво однесување. Моделот сподели на Инстаграм како оди нејзината диета со пица, за време на нејзините подготовки за „Мет Гала“.
– Кога треба да се појавам на „Оскар“ или на филмска премиера… Нема да лажам. Јадам различно, за да влезам во фустаните, кои ги подготвиле за мене. Не се плашам да го признаам тоа, рече уште Лоренс.
Високоплатената актерка не го поднесува лицемерието во светот на познатите. Откако излегоа мноштвото обвиненија за сексуално малтретирање против познатиот продуцент Харви Вајнстин, Џенифер одлучи да зборува за своето горчливо искуство со дискриминацијата.
Тогаш ѕвездата откри дека продуцентка ја натерала да позира гола до послаби од неа девојки како „мотивација“ да се подложи на диета. Лоренс се обидела да се одбрани, но таа била „фатена во стапица“. Таа дозволила да се однесуваат на овој начин со неа поради развој на нејзината кариера. Односот кон неа сега е сосема поинаков, бидејќи таа веќе е славна.