Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, изјави дека целта на САД е да ја поддржат успешната интеграција на шесте земји од Западен Балкан во европските институции со цел нивно членство во Европската унија.
Ескобар, кој ја извршува и функцијата специјален пратеник на САД за Западен Балкан, ја испрати пораката за време на дебатата во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом за ангажманот на американската администрација на Западен Балкан, објави Гласот на Америка.
– Двете земји ја завршија напорната работа што беше потребна. Одложувањето на одлуката на Европскиот совет, од март 2020 година, за започнување на тој процес – сее сомнеж во целиот регион и ризикува да ги отфрли надежите на новата генерација која сака европска иднина – истакна Ескобар во своето обраќање.
Тој додаде дека САД се решени да помогнат да се обезбеди интеграција и одржливи инвестиции во инфраструктурата и чистата енергија.