МВР информира за два изборни инцидента во кои попладнево учествувале гласачи од Гостиварско.
Во првиот настан, околу 14 часот и 30 минути приведен бил 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се сомничи дека на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче.
Во вториот случај, во 14 часот и 50 минути полициски службеници на СВР Тетово го привеле Н.С.(62) од гостиварското село Речане, поради сомнение за учество во тепачка со друго лице од истото село, која се случила во дворот пред основното училиште „Лирија“, каде е сместено избирачкото место 528.
Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на двата случаја.