Градежен работник е во животна опасност откако на градилиште позади трговскиот „Рамстор“ во Скопје, врз него паднале арматури кои се кревале со кран.
Според неофицијални информации, тешко повреден е млад скопјанец кој работел на градилиштето.
Сведоци од градилиштето велат дека причина за несреќата е кинењето на сајла со која се кревале арматурите.
Работниот со возило на Брза помош е пренесен на КАРИЛ. На терен има инспекции, кои заедно со полицијата вршат увид.