Министерството за надворешни работи излезе со реакција во врска со наводно оштетување на споменикот обележје за загинати 193 бугарски војници во Првата светска војна, во близина на трасата на експресниот пат Градско-Прилеп, делница „Фариш – Дреново”, Кавадарци,
Според извештајот на Управата за заштита на културно наследство – Министерството за култура, и Јавното претпријатие за државни патишта – Министерство за транспорт и врски, кои направиле вонреден увид, констатирале дека главниот споменик се наоѓа во добра состојба.
– Ситуацијата на теренот покажува дека во моментов споменикот е физички одделен од трасата на која се изведуваат градежни работина Експресниот пат Градско – Прилеп со заштитна ограда од времен карактер која ќе биде заменета со трајна заштитна ограда предвидена со Основниот проект за изведба. По изведба на оваа ограда слободниот простор меѓу истата и споменикот ќе биде околу 4 метра. По завршувањето на работите, до споменикот ќе има пристапен простор, со цел тој да биде достапен за заинтересираните посетители. Ооколу овој споменик нема гробишта или гробни места, а според увидот на терен, таквата состојба не се знае дали била различна во минатото. Околу 100 метра од овој споменик констатирано е дека има и втора помало обележје, чија меморија не е позната – се вели во реакцијата на МНР.
Оттаму ги отфрлаат сите обвинувања кои се појавија во јавноста, притоа и да упатат апел до сите инволвирани поединци и институции да бидат внимателни и да не наседнуваат на очигледни провокации чија интенција, како што се наведува, е да ги загрозат добрососедските односи меѓу двете земји, и напорите на двете Министерства за изнаоѓање заеднички решенија за надминување на разликите.