Грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето обраќање пред Европскиот парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор „врвот на нашите напори“.
– Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Oвој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион – изјави Ципрас пред европратениците.
Преспанскиот договор и „лидерството на Ципрас и Заев“ ги поздрави и Европската комисија преку еврокомесарот Валдис Домбровскис, кој рече дека преку решавањето на овој долгогодишен спор „тие поставија пример за регионот и за поширокиот свет“.
Ципрас вчера во Европскиот парламент учествуваше во дебата за иднината на Европа.