Петмина кандидати за градоначалник се пријавени до ОИК Прилеп за претстојните локални избори. За гласовите од прилепчани ќе се борат да ги освојат докторот специјалист Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, поранешниот министер за транспорт и врски и директор на Царина Горан Сугарески од СДСМ, стопанственикот Славе Петрески од ЛДП и ДОМ како граѓанско движење „Одлучни за промени“, независниот кандидат, адвокатот Жарко Стеваноски, и бизнисменот Зоран Митрески од Интегра.
До ОИК Прилеп се доставени осум кандидатски листи за советници. Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предводена од Дејан Проданоски, СДСМ со Моника Грашеска, ЛДП – ДОМ со носителот Јане Станкоски, Независната граѓанска листа „Че вреди“ со Дарко Конески, од партиите Интегра, Левица, Маак и Единствена Македонија.
Од ОИК велат дека во тек е проверката, по што ќе се продолжи законската
процедура и ќе се врши ждрепката. Ка.М.