Зоран Милески – Кичеец бил пуштен од затвор за да направи испитувања поради влошена здравствена состојба. Од Управата за извршување на санкциите велат дека осудениот е ослободен од затвор 30 дена, до 9 септември, поради влошена здравствена состојба.
– Казната затвор која оваа осудено лице ја издржува во Казнено поправниот дом од отворен вид Струга му се прекинува во времетраење од 30 дена и тоа од 10.8.2021 година до 9.9.2021 година на кој ден иститот треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната. Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а истиот му беше одобрен од причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 6.8.2021 година и на 9.8.2021 година во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања ,,Св.Стефан” во Охрид – соопштија од УИС.
Во специјалистичките извештаи било наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед.
Од Управата велат дека дијагнозата за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е „Суправентрикуларна тахикардија“ и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер ЕКГ, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, КЦТ, а препишана е и соодветна медикаментна терапија.
– Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено – велат од Управата за извршување на санкциите.