Полицијата синоќа околу 22.15 часот уапсила три лица – А.Б.(31) од Гостивар и С.Ф.(33) и А.И.(31) од гостиварските села Беловиште и Чегране поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, претходно од возилото со кое се превезувале, во близина на наплатната станица Гостивар, фрлиле ќесе со кокаин, кое било пронајдено.
По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.