И покрај тоа што во Битола бројот на позитивните на ковид-19 драматично се зголемува, на Широк Сокак повторно се одржа протест против вакцинацијата.
Учесниците изјавија дека тие не се против вакцинацијата, туку против, како што велат, начините со кои се тераат луѓето да се вакцинираат против своја волја, а со воведување на рестриктивни мерки со кои се врши поделба на граѓаните на вакцинирани и невакцинирани.
Тие повикаа на обединетост без разлика на вера и нација, барајќи слобода на
изразување и слобода на живеење. М.М.