Грчката полиција синоќа во центарот на Атина употреби солзавец и водени топови за да го разбие протестот против задолжителната вакцинација поради ковид-19. Приведени се над 40 лица.
Повеќе од 7.000 луѓе се собраа пред парламентот во центарот на Атина, а сличен протест имаше и минатиот месец, пренесе „Ројтерс“.
Во Грција се целосно вакцинирани околу 5,7 милиони граѓани од 11-те милиони жители, а анкетите покажуваат дека мнозинството Грци ја поддржуваат задолжителната вакцинација за одредени групи, како што се здравствените работници и лицата во домовите.