Триесеттина поети, гости на „Струшките вечери на поезијата“, денеска го посетија Вевчани и Вевчанските Извори.
Во дворот на црквата „Свети Никола“ се одржа поетско матине на кое настапија десетина автори. Посебно внимание привлече поетот Летив Намдаг Јанчивин од Монголија, кој ја прочита антологиската песна од Блаже Конески „Ангелот од Света Софија“ на монголски јазик.
Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва ќе заврши 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал.
Јубилејното издание на најстарата поетска манифестација, се одржува под посебни протоколи за заштита на населението од ковид-19.