„Вевчани за Блаже Конески” е насловена изложбата посветена за познатиот македонски лингвист, книжевен историчар, поет, професор, академик и кодификатор на современиот македонски литературен јазник, што неодамна е отворена во овоа наше познато туристичко место.
Денеска изложбата ја посети и минисерката за култура Ирена Стефоска, со своите соработници, а авторот Мишо Китаноски, детално ги запозна со изложените фотографии и факсимили, притоа, посочувајќи дека се изложени досега непознати работи за Блаже Конески. Тоа се: семејното стебло на Конески кое го состави токму Китаноски, потоа еден новопронајден документ во кој се зборува за неговото ранување во НОБ, стара фотографија на која е тој со семејството од 1928 година, тимот со кој работел во Горно Врановци и друго.
Меѓу другите на изложбата се презентирани и два документи, песната за монахот Неофит од Вевчани и писмото во кое тој им се заблагодарува на вевчанци што му ја доделија повелбата на печалбарството.
Исто така изложбата „Вевчани за Блаже Конески” ја посетија и студентите на групата за македонски јазик на универзитетот во Будимпешта, Унгарија, кои по разгледувбањето на поставката поразговараа со авторот Мишо Китаноски.