Ноќеска во 1.10 часот таксист пријавил дека бил ограбен од три лица, кои му се заканувале со нож.
-Во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.К.(52) пријавил дека управувајќи такси возило истиот ден околу 00:40 часот на улицата „Мирче Ацев“ во возилото влегле три непознати лица кои побарале да одат до село Морани. Кога пристигнале во селото во близина на црквата истите со закана со нож му одзеле 3.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот- информираат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.