Утринава во 8 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничката болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена В.М.(49) од Тетово со повреди од остар предмет во пределот на градите, вратот, грбот и дланките.
Поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и била задржана на понатамошно лекување.
По кратко време во полициска станица дошло лицето Б.А.(49) и пријавило дека во семејната куќа со нож ја избодел В.М. со која заедно вонбрачно живееле. Лицето е задржано, известен е Јавен обвинител и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.