Но мора да се биде реален и да се каже оти дури и да заживее некаков граѓански активизам, под што, јасно, не се подразбираат фиктивните, додворувачките и од Владата дебело платените граѓански здруженија и невладини организации, тоа нема да биде доволно за тотална реконструкција на политичката свест, за систематски и коренити промени, за обликување ново лице на политиката. Тоа, пред сѐ, мора да произлезе од политичките партии и, над сѐ, да помине низ институциите, кои истите тие политички партии со повеќе или помалку инвазивни методи цело време ги држат под окупација
Кој со нови и свежи, а кој со стари и истрошени кадри ќе оди на претстојните локални избори, е една од првите теми што партиските штабови се обидуваат, веројатно заради загревање, да ги наметнат уште и пред официјалниот почеток на кампањата за претстојните локални избори. Настрана што околностите сѐ уште не гарантираат дека изборите и навистина ќе се одржат и што со пандемијата на систематските извртувања на нештата уште одамна е зафатена и Македонија, така што под „нови и свежи“ би можело да се подразбира на „недозреани и неискусни“, што понатаму би можело да значи и лесно расипливи и подложни на разни влијанија и, конечно, неупотребливи кадри во политиката. Исто како што за старите и истрошените би можело да се тврди дека ќе обезбедат одредена умешност и стабилност, на пример.
На сите досегашни избори и, генерално, константно во македонската политика имало и стари и нови кадри. Не е непознато дека многумина дури и се занимаваа со анализи на старосната структура на изборните кандидати, но барем на пошироката јавност никогаш не ѝ бил презентиран некаков заклучок за позитивните и за негативните промени, па зошто не и за штетите што ги направиле, условно речено, новите или старите лица во политиката, на локално и на централно ниво. Генералниот впечаток, значи само впечаток, е дека, независно од нивната свежина, некаква корист од нив и немало, а дека еднаква штета правеле и едните и другите.
Нови лица на политичката сцена имало, има и ќе има. Никаква партиска политика не може да ја запре природната смена на генерации. Но, ако не сите, тогаш барем оние доминантни политички партии во земјава како упорно да настојуваат да го одржат стариот начин на практикување на политиката, не само преку старите туку, во многу случаи дури и поефикасно, и преку новите кадри.
Така, со здружени сили, го забетонираа целиот политички систем и вкупниот амбиент во земјава, оневозможувајќи да му се направи не само комплетна промаја туку низ него да проструи и какво било ветре. Освен, се разбира, тоа што ти ќе го пуштат.
Не дозволуваат, значи, на политиката да ѝ се наметне ново лице, не како човечки лик, туку како систем на вредности и правила на однесување, при што не бираат средства за, во старт, да ги блокираат сите обиди за некакви промени. А токму ново лице на политиката е она што веќе подолго време им е потребно на само на граѓаните туку и на целиот, од страна на партиските булдожери како од постарото така и од поновото производство, разурнат систем.
Во желба да го сменат амбиентот, некои, повеќе или помалку решително и сериозно, во изминативе години, посегнаа по граѓанскиот активизам, но партиите елегантно им го украдоа, иако добар дел од нив молчејќи со тоа и се согласи. Сега, пак, се дрзнуваат да одат и чекор понатаму, обидувајќи се своите позиции да ги утврдат со промовирање некакви партиски коалиции со граѓански предзнак. Нешто што во светот сѐ уште не е измислено.
Нови лица на политичката сцена имало, има и ќе има. Никаква партиска политика не може да ја запре природната смена на генерации. Но ако не сите, тогаш барем оние доминантни политички партии во земјава како упорно да настојуваат да го одржат стариот начин на практикување на политиката, не само преку старите туку, во многу случаи дури и поефикасно, и преку новите кадри. Така, со здружени сили, го забетонираа целиот политички систем и вкупниот амбиент во земјава, оневозможувајќи да му се направи не само комплетна промаја туку низ него да проструи и какво било ветре. Освен, се разбира, тоа што ти ќе го пуштат
Но мора да се биде реален и да се каже оти дури и да заживее некаков граѓански активизам, под што, јасно, не се подразбираат фиктивните, додворувачките и од Владата дебело платените граѓански здруженија и невладини организации, тоа нема да биде доволно за тотална реконструкција на политичката свест, за систематски и коренити промени, за обликување ново лице на политиката. Тоа, пред сѐ, мора да произлезе од политичките партии и, над сѐ, да помине низ институциите, кои истите тие политички партии, со повеќе или помалку инвазивни методи, цело време ги држат под окупација.
А под окупацијата ги држат заради непречено остварување на своите интереси, кои, како што се покажа на само во Македонија туку и во повеќето, условно речено, посткомунистички/социјалистички држави со децении заглавени во транзиција, секогаш се над интересот на државата, нацијата и на граѓанинот. „Партијата пред и над сѐ“ е геслото под кое сѐ уште се крие недозволиво голем број на морално осакатени, девијантни и на корупција и криминал подложни ликови. Притоа, тие воопшто и не се трудат да го скријат фактот оти во политиката се, пред сѐ, заради сопствената добробит. Напротив, голем дел од нив тоа уште и отворено го демонстрира на крајно дрзок начин. И затоа, императивот не треба да бидат нови лица во политиката, туку промена на лицето, но и на опачината на политиката.